Форум за криминалистика и криминологија
 
HomeCalendarFAQSearchMemberlistUsergroupsRegisterLog in

Share | 
 

 Дактилоскопирање

View previous topic View next topic Go down 
AuthorMessage
Nick
Admin
avatar

Posts : 43
Points : 88
Join date : 2013-01-15

PostSubject: Дактилоскопирање   Thu Jan 31, 2013 7:20 pm

Дактилоскопирање е постапка при која се врши идентификација на лица со помош на трагите оставени од прстите на рацете.

Оваа метода е составен дел на една поширока криминалистичко-техничка метода, наречена папилоскопирање. Дактилоскопирањето, заедно со педоскопијата, пороскопијата и хејроскопијата, ја сочинуваат методата на папилоскопирање.

Освен со старата метода на водење декадактилоскопски и монодактилоскопски збирки со помош на картонски датотеки, таа полека се земенува со новите методи на компјутерска обработка на овие податоци, со специјални системи кои македонската криминалистичка полиција ги користи во седиштето на Министерството за внатрешни работи во Скопје. Станува збор за двата системи, наречени APIS (automated palmprint identification system) и AFIS (automated fingerprint identification system) - системи за компјутерска обработка на отпечатоци од дланки и прсти.


Историја на дактилоскопската метода
Година-1664. Италијанскиот лекар и анатом, Марчело Малпиџи, во внатрешниот слој на кожата кај човекот, ендодермот, открил голем број на испакнати брадавички, кои ги нарекол папили. Во внатрешноста на овој слој, се одигруваат сите функции на животот, имено, и лачењето на потта, лој и други продукти на метаболизмот.

Анатомски гледано, папилите имаат форма на вулкански кратери, на кои се наоѓаат отворите на лојните и потните жлезди. Лојните жлезди лачат излачевина наречена лој, чија задача е да ја омекнува кожата, а потните жлезди лачат пот, која освен што ја регулира температурата во телото, ја навлажнува кожата и не и дава да се суши. Густината на папиларните линии не се секаде по телото подеднакво распространети. Нив најмногу ги има на дланките од рацете и на стапалата од нозете. Сите папиларни линии на еден прст, односно на една фаланга од прстот, го сочинуваат цртежот на папиларни линии на тој прст, кој е единствен и непоновлив, односно карактеристичен само за едно лице. Вршени се испитувања на еднојајчни близнаци, и било утврдено дека и покрај одредениот степен на подударност на цртежите на папиларните линии, постојат многу разлики и меѓу нив, што само говори дека оваа метода е навистина сигурна кога станува збор за утврдување на идентитет на лице. Според некои понови истражувачи, кои вршеле математички пресметки дали и кога може да се појават отпечатоци од прсти од две меѓусебно независни особи, дојдено било до решение дека постои ваква можност, доколку популацијата на Земјата дотигне бројка од 65 милијарди луѓе. Тоа во моментот е скоро десет пати помалку, што значи дека оваа метода уште долго ќе игра важна улога во откривањето и идентификацијата на лица.

Вистинскиот развој на техниката на идентификација на основ на споредување на папиларни линии, започнал во Англија, кон средината на 19 век. Веднаш потоа, оваа метода почнала да се применува и во САД, по што започнала сеопшта примена и во европските земји.

Сепак, значајно е да се спомене, дека прв криминален случај кој бил решен со помош на оваа метода, е еден случај во Аргентина, односно се работело за двоструко убиство на деца. Случајот бил разрешен од страна на криминалистот Иван Вучетиќ, Хрват по националност, кој живеел и работел во Аргентина како криминалист. Во 1894 во истата земја, оваа метода била и официјално призната и воведена како метода за регистрација и идентификација на лица. Истата година резултатите од своите истражувања Вучетиќ ги објавил во книгата Дактилоскопија, а во 1904 година ја издал книгата Споредбена дактилоскопија, во која ги објавил резултатите од областа на класификација на отисоците од прасти и за нивната примена во идентификацијата на лица. Овој систем на класификација е наречен Вучетиќев, во чест на нејзиниот основач. Освен овој систем, постои и во западноевропските земји во примена е Галтон-Хенриевиот систем. Инаку, Вучетиќевиот систем е во примена во земјите на Јужна Америка, Шпанија, Франција, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора и Македонија.

Вучетиќев метод
Според Вучетиќевиот метод, дактилоскопирањето се дели на декадактилоскопирање и на монодактилоскопирање.

Декадактилоскопирањето се состои во земање на отпечатоци од прстите на двете раце, кои се бележат на еден дактилоскопски фиш. Оваа метода се нарекува уште и десетопрсна, односно регистрациона, бидејќи се користи за регисрација на сторители на кривични дела. Монодактилоскопијата опфаќа земање на отпечатоци од сите десет прсти, но на десет посебни дактилоскопски фишеви, при што на секој фиш се земаат отпечатоци од еден прст. Оваа метода се нарекува истражна, бидејќи се користи во случај кога на местото на настанот е најден еден отпечаток од прст, при што по одредувањето на неговата монодактилоскопска формула, се пребарува по дактилоскопските збирки кои имаат иста монодактилоскопска формула.
Отпечатоците од прсти се карактеризираат со следниве својста:
1. Непроменливост - тие кај една личнос остануваат исти во текот на целиот живот на индивидуата. Папиларните линии се формираат во периодот на бременост, кога плодот е во четвртиот месец од развојот;
2. Индивидуалност - папиларните линии се карактеристични за една единка, тие се единствени за неа и се неповторливи;
3. Можност за пресликување - овозможува отпечатокот од прстите да се пренесе на друг предмет, како и веќе оставената трага да се фиксира и подигне; и
4. Можноста за групирање, со чија помош е возможно да се издвојат неколку основни групи на отпечатоци од прсти.
Back to top Go down
View user profile http://kriminalist.macedonianforum.net
Nick
Admin
avatar

Posts : 43
Points : 88
Join date : 2013-01-15

PostSubject: Re: Дактилоскопирање   Thu Jan 31, 2013 7:41 pm

Постапка на дактилоскопирање
Земањето на отпечатоци од прсти е постапка која ја спроведува криминалистички техничар. За да може да се изврши успешно дактилоскопирање, потребно е рацете на лицето кое се дактилоскопира да бидат добро измиени, за да нема присуство на забележливи траги од други материи, со што се овозможува папиларните линии правилно да се пренесат на фишот.
Постојат два основни вида на прибор за дактилоскопирање: теренски и лабораториски. Класичниот прибор и кај двата вида се состои од истите елементи:
 Специјалана дактилоскопска боја или црна печатарска боја;
 Глатка стаклена или метална површина, која служи за нанесување на бојата пред таа да биде нанесена на прстите на лицето кое се дактилоскопира;
 Гумен ваљак, си чија помош бојата се размачкува во тенок слој, кој е неопходен за добивање на незаситен, квалитетен отпечаток; и
 Збирка на картони (фишеви) потребни за вршење на декадактилоскопија или монодактилоскопија, на која од прстите на лицето, отпечатоците се нанесуваат на фишот.


Дактилоскоперот најпрвин ја зема десната рака на лицето, со прифаќање најпрвин на палецот, кој го спушта до плочата на која има тенок слој од дактилоскопска боја и со благо притискање нанесува боја на прстот. Потоа, прстот се спушта на местото од декадактилоскопскиот фиш кое е наменето за таа цел, и со валање од едниот кон другиот крај и со лесно притискање на првата фаланга од прстот, со цел рамномерно да се нанесе отпечатокот на фишот.
Истава постапка се повторува и со останатите прсти, во редослед од десниот палец кон десниот мал прст, односно од левиот палец кон левиот мал прст.



На втората страна, се врши опишување на лицето, со избирање на веќе понудените карактеристики кои најдобро го отсликуваат сторителот. И тоа, се врши опишување на формата на лицето, бојата на косата, профилот на челото и бојата на очите. Во десниот горен агол се опишува формата и големината на носот и ушите. Помеѓу нив е оставено место за прикачување на фотографија во три пози: анфас, десен профил и лев полупрофил. Лево се нанесуваат отпечатоци од четирите прсти на левата рака без палецот, а во десниот агол, отпечатоци од десната рака.
Покрај контролникот, за секој сторител на кривични дела се составува и образец за азбучен индекс. Со помош на овие образци е овозможена брза контола на сите регистрирани лица по основ на името и презимето.
Back to top Go down
View user profile http://kriminalist.macedonianforum.net
Nick
Admin
avatar

Posts : 43
Points : 88
Join date : 2013-01-15

PostSubject: Re: Дактилоскопирање   Thu Jan 31, 2013 8:10 pm

Основна декадактилоскопска класификација
Сите цртежи од папиларни линии на рацете можат да се групираат во четири основни групи:
-лачни цртежи,
-леви петљи (јазли),
-десни петљи и
-кружни цртежи.

Освен овие четири основни групи, воведени се и три помошни видови:
-сложени, кои не можат да се класифицираат во ниту една од претходно споменатите групи, бидејќи најчесто претставуваат нивна симбиоза, потоа
-оштетени цртежи на папиларни линии, кои се воведени бидејќи во праксата се среќаваат отпечатоци кои поради разни причини (намерно оштетување, повреди на кожата, стругање и сл.) не може да се определи во која група припаѓаат, додека
-ампитираните прсти, односно одсуството на првата фаланга од прстот, резултира со отсуство на отпечаток на декадактилоскопскиот фиш, и поради тоа се бележи со посебна ознака во декадактилоскопската основна формула. Според тоа постојат следниве видови на отпечатоци кои се бележат со следниве ознаки:

1. Лачни цртежи-1
2. Леви петљи-2
3. Десни Петљи-3
4. Кружни цртежи-4
5. Сложени цртежи-Х1
6. Оштетени цртежи-Х
7. Отсуство на прва фаланга-0

1. Карактеристично за цртежите од папиларни линии во вид на лакови, е што папиларните линии поаѓаат од едната страна, го минуваат предниот испакнат дела на првата фаланга од прстот (јагодицата) и продолжуваат на спротивната страна. Линиите, кои се во вид на бранови, односно лаци, се извиваат кон врвот на прстот. Освен оваа, друга основна каректеристика по која лесно можеме да ги распознаеме овие цртежи, е одсуството на делта, која ќе видиме дека ја има на другите видови папиларни цртежи. Лачните цртежи ретко се појавуваат помеѓу популацијата, а некои истражувања покажале дека само 5% од луѓето имаат вакви отпечатоци на своите прсти.


2. За цртежи на папиларни линии во вид на лева петља, се сметаат оние кај кои папиларните линии започнуваат од левата страна на првата фаланга од прстот, продолжуваат кон центарот, каде прават завртување и се враќаат кон местото од каде започнале. Исклучителна карактеристика на овој вид цртеж, е што на спротивната страна на прстот од каде започнала петљата, доаѓа до спојување на надворешните папиларни линии во вид на делта. Значи, цтрежите во вид на лева петља, содржат делта на десната страна.

3. Спротивно на ова, десните петљи почнуваат и се враќаат од и кон десната страна, а делтата е на левата страна.


4. Цртежите на папиларни линии во вид на кругови, се карактеризираат со присуство на круг или некој сличен овлик во средината на јагодицата, додека папиларните линии од горниот и долниот дел се спојуваат лево и десно во долниот дел на јагодицата, формирајќи лева и десна делта. Со други зборови, секој цртеж од папиларни линии кој има најмалку две делти, припаѓа на оваа група цртежи. Притоа, во центарот, освен чисти кругови, може да се најдат и спирали во десно или лево, двојни спирали, петљи близнаци, елипси и сл. Околу 30 до 35% од човековата популација има цртежи во ваков облик.


Врз основа на овие карактеристки на цртежите од папиларни линии, кои како што водовме погоре, се поделени на четири основни и три подгрупи, при што секоја од групите ја обележавме со соодветна бројка или ознака, Иван Вучетиќ го дал правилото за составување на основната декадактилоскопска формула. Оваа формула претставува дропка, во чиј броител се запишуваат броевите на папилоскопските цртежи од десната рака, по редослед од палецот кон малиот прст, а во именителот се запишуваат броевите кои соодветствуваат на цртежите на левата рака. Редоследот на запишување е ист како и кај десната рака. Пример: десниот палец е во вид на круг, исти такви се и показалецот, средниот и домалиот прст, а малиот десен прст е во вид на десна петља. Левиот палец, исто така е во вид на круг, а таков е и левиот показалец. Средниот лев прст е во вид на лева петља, домалиот е кружен, а малиот лев прст е во вид на лева петља. На ваквите отпечатоци, одговара следнава основна декадактилоскопска формула:
..........4 4 4 4 3
Фок=------------
..........4 4 2 4 2

Како што можеме да забележиме, и во практиката многу често се случува, ознаките во формулата да не се разликуваат доволно меѓу себе, а поради тоа да нема рамномерно распоредување на фишовите по групи. Затоа, често се случува да има лица со идентични ознаки во броителот и именителот на дропката, или пак се јавуваат едни исти ознаки на едната, а други исти ознаки на другата рака. Има и такви лица кај кои на десната рака се наоѓаат само леви петљи, а на левата рака-десни петљи. Ваквата состојба ја отежнува класификацијата, така што морало да се бара решение за надминување на проблемот. Тоа било пронакдено со воведувањето на помошна класификациона формула, односно поткласификациона формула.


Last edited by Nick on Thu Jan 31, 2013 9:01 pm; edited 1 time in total
Back to top Go down
View user profile http://kriminalist.macedonianforum.net
Nick
Admin
avatar

Posts : 43
Points : 88
Join date : 2013-01-15

PostSubject: Re: Дактилоскопирање   Thu Jan 31, 2013 8:38 pm

Декадактилоскопска поткласификација
Под поткласификација подлежат само цртежите на папиларните линии во вид на петљи и кругови (бидејќи оние во вид на лаци ретко се среќаваат и не се проблематични). Потоа, поткласификацијата ги опфаќа само трите средни прсти на двете раце (показалецот, средниот и домалиот прст). Како трета карактеристика, поткласификацијата го опфаќа и малиот десен прст, доколку тој е во вид на петља, облик кој најмногу се среќава.

За разлика од основната формула, која беше лесна за составување, поткласификационата формула е релативно тешка.

1. Поткласификација на папиларните линии во вид на петљи
Во декадактилоскопската поткласификација, папиларните линии во вид на петљи, се класифицираат по пат на броење на папиларните линии од надворешниот до внатрешниот терминус. Терминусот (лат. Terminus- крајна точка), претставува замислена точка која се наоѓа во центарот на цртежот од папиларни линии, односно тоа е местото каде петљата свртува и се враќа назад, односно таму каде една или повеќе внатрешни линии го завршуваат својот пат.


Надворешниот се добива со одредување на делтата кај отпечатокот. Тоа е местото каде доаѓа до раздвојување или спојување на две папиларни линии и создавање на тријаголник.
По одредувањето на двата терминуса, со помош на дактилоскопска лупа со кончаник, се одредува бројот на папиларните линии кои се наоѓаат помеѓу двата терминуса. Лупата се поставува така да ги спојува внатрешниот и надворешниот терминус, а потоа се пребројуваат линиите кои ги сече кончаникот. Се брои секоја линија која се сече со кончаникот, или пак, само го допира. Ако папиларната линија се искривува и два пати е пресечена од кончаникот, се брои два пати. На сликата се гледа дека кончаникот, од внатречниот до надворешниот терминус, минува низ 9 линии. Врз основа на бројот на линии низ кои минува кончаникот од лупата, цртежите во вид на петљи се означуваат со следниве броеви: -1, ако кончникот на лупата сече од 2 до 6 папиларни линии;
-2, ако кончникот на лупата сече од 7 до 10 папиларни линии;
-3, ако кончникот на лупата сече од 11 до 14 папиларни линии; и
-4, ако кончникот на лупата сече над 14 папиларни линии.
Тоа значи дека поткласификациониот број на овој отпечаток ќе биде 2.

2. Поткласификација на папиларните линии во вид на кругови
Овој вид на цртежи од папиларни линии се поткласифицира според системот на пратење на папиларните линии. Како што веќе рековме, кружните примероци имаат по две делти, лева и десна. По овој метод, се следи долниот крак на едната делта во однос на другата. Во зависност од меѓусебната положба, овој вид на цртежи се класифицира во три групи:
 Ако долниот крак на левата делта е над нивото на долниот крак на десната делта, отпечатокот се означува со ознака 5;
 Ако се двата долни краци од двете делти на исто ниво, цртежот се означува со ознака 6; и
 Ако долниот крак на левата делта е под нивото на долниот крак на десната делта, примерокот се поткласифицира со бројот 7.
Притоа, под исто ниво се подразбираат отисоците кај кои долните кракови на двете делти не се поодалечени од три папиларни линии меѓу себе.


Поткласификацијата го опфаќа и малиот прс од десната рака, ако тој е во вид на петља. Оваа поткласификација се изведува така што на крајот десно од поткласификационата декадактилоскопска формула, која се наоѓа во заграда, се запишува бројот на папиларни линии кои се наоѓаат помеѓу внатрешниот и надворешниот терминус.

Доколку при утврдувањето на подкласификационата формула се појават грнични или спорни случаи, над или под бројчето кое е спорно, се впишува и втората солуција.
Основната формула секогаш се впишува со црно или сино мастило, додека поткласификациониот дел се испишува со црвено мастило.
Back to top Go down
View user profile http://kriminalist.macedonianforum.net
Nick
Admin
avatar

Posts : 43
Points : 88
Join date : 2013-01-15

PostSubject: Re: Дактилоскопирање   Thu Jan 31, 2013 8:53 pm

Монодактилоскопирање
Монодактилоскопијата се користи за идентификација на непознати сторители на кривични дела, врз основа на траги од папиларни линии кои сторителот ги оставил на местото на настанот. Оваа идентификација опфаќа дактилоскопирање на сите десетпрсти, но секој отпечаток од прст си има свој соодветен посебен картон. Овој вид на водење на евиденции е потребен бидејќи е многу полесно да се пребаруваат можните сторители ако за секој прст посебно имаме направено посебен фиш.

Инаку, монодактилоскопската збирка се состои од траги од отисоци земени од познати лица и траги од отисоци најдени на местото на настанот. Според правилникот за вршење на работи во МВР, под монодактилоскопска регистрација се третираат лицата за кои постои основано сомнение дека сториле некое од следниве кривични дела:
 Убиство;
 Тероризам и саботажа;
 Кражба, тешка кражба, разбојништво или разбојничка кражба;
 Силување и други противправни полови дејствија;
 Фалсификување пари или документи;
 Недозволена трговија и шверц;
 Изнуди и уцени.

За идентификација, APIS и AFIS користат карактеристични точки кои се нарекуваат минуции и кои криминалистот ги бележи пред да го внесе отпечатокот во базата за споредување.



Back to top Go down
View user profile http://kriminalist.macedonianforum.net
Sponsored content




PostSubject: Re: Дактилоскопирање   

Back to top Go down
 
Дактилоскопирање
View previous topic View next topic Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Криминалист :: Криминалистика-
Jump to: