Форум за криминалистика и криминологија
 
HomeCalendarFAQSearchMemberlistUsergroupsRegisterLog in

Share | 
 

 Статут на ЗДК

View previous topic View next topic Go down 
AuthorMessage
Nick
Admin
avatar

Posts : 43
Points : 88
Join date : 2013-01-15

PostSubject: Статут на ЗДК   Tue Jan 15, 2013 11:45 pm


ЗДРУЖЕНИЕ НА ДИПЛОМИРАНИ КРИМИНАЛИСТИ – СКОПЈЕ

С Т А Т У Т

НОЕМВРИ, 2008 ГОДИНА

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1
Здружението на дипломирани криминалисти – Скопје (во понатамошниот текст Здружението) е неполитичка, невладина и непрофитна организација во која дипломираните криминалисти од првата генерација на Полициската академија – Скопје доброволно се здружуваат и организираат независно од нивната национална, верска, полова припадност и нивните политички и верски убедувања заради застапување на заедничките интереси пред органите на Република Македонија, јавноста и јавното мислење, како меѓународните организации и институции.

Член 2
Називот на организацијата е: Здружение на дипломирани криминалисти – Скопје.
Скратен назив на организацијата е ЗДК – Скопје.

Член 3
Седиштето на Здружението е во Скопје на ул. Павле Илиќ 15/2/4 – Скопје.

Член 4
Здружението има својство на правно лице со права, обрски и одговорности утврдени со Уставот на РМ, Законот за здруженија на граѓани и со овој Статут.

Член 5
Здружението има свој печат и штембил.
Печатот на Здружението е тркалезен и ги содржи зборовите напишани на кирилица: Здружение на дипломирани криминалисти – Скопје.
Штембилот е правоаголен и ги содржи зборовите напишани во кирилица: Здружение на дипломирани криминалисти – Скопје, број ¬¬___________ ___________ 20___, Скопје.

Член 6
Здружението го претставува и застапува Претседателот.

Член 7
Работата на Здружението е јавна.

II. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Член 8
Цели и задачи на Здружението се:
- влијание на законодавното регулирање на прашања и интереси на дипломираните криминалисти од првата генерација на Полициската академија – Скопје;
- поттикнување и спроведување на заедничките активности и манифестации како и евентуално формирање на заеднички институции;
- залагање за исполнување на барањата на дипломираните криминалисти од Првата генерација на Полициската академија – Скопје.

Член 9
За остварување на целите и задачите, Здружението соработува со Факултетот за безбедност – Скопје и органи на управа и државните органи на Република Македонија и со организации и органи согласно позитивните законски прописи.
За остварување на целите и задачите, Здружението организира семинари, трибини, дебати, советувања, медиумски кампањи, симпозиуми, конгреси, мирни протести, јавни собири, митинзи, демонстрации и штрајк.

III. МАТЕРИЈАЛНО ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ

Член 10
Здружението се финансира од:
- Сопствени фондови;
- Спонзорство, донации, прилози, грантови, подароци, наследство, легати, завештанија;
- Приходи од чланарина.
Материјалното финансиско работење на Здружението се врши во согласност со законските прописи и акти пропишани од Здружението.

Член 11
За одржување на финансиската стабилност на Здружението, може да се формираат деловни субјекти, а може и да се соработува и со други деловни субјекти.
Извршниот одбор ги води финансиските работи.

IV. ЧЛЕНСТВО

Член 12
Членови на Здружението се сите дипломирани криминалисти од првата генерација на Полициската академија – Скопје, кои со плаќање на еднократна членарина во вредност од 100 денари и пополнување на пристапница прифатиле да бидат членови.

Член 13
Членство на Здружението престанува доколку членот истапи од организацијата со изјава.
Членот се исклучува од Здружението доколку делува спротивно на целите и задачите или го крши Статутот и доколку по изречената јавна критика и опомена продолжува со однесувањето кое не е во согласност со Статутот.
Член може да биде исклучен со одлука на Собранието, која се донесува со мнозинство од вкупниот број делегати во Собранието.
Членот што е исклучен има право на жалба до соодветните органи на сите нивоа.

V. ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ДИПЛОМИРАНИ КРИМИНАЛИСТИ – СКОПЈЕ

1. СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
2. ИЗВРШЕН ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО
3. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

1. СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 14
Собранието на Здружението е претставнички орган на членовите на Здружението и највисок орган на одлучување.

Член 15
Бројот на делегатите се определува со посебен акт, што го донесува Собранието со мнозинство на гласови од вкупниот број на делегати.

Член 16
Делегатите се избираат на начин и постапка утврдена со општ акт што се донесува со мнозинството гласови од вкупниот број на делегати во Собранието.

Член 17
Делегатите во Собранието се избираат на неопределено време.
Мандатот на делегатите го верифицира Собранието.
На делегатот му престанува мандатот по услови одредени со општ акт што се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број на делегати во Собранието.

Член 18
Собранието на Сојузот е надлежно за севкупната работа на Здружението, а особено за:
- Усвојување на годишен извештај на Здружението, односно на неговите органи и тела;
- Определување на основните програмски активности;
- Усвојување на Статут на Здружението и негови измени и дополнувања;
- Одлучување за предлог буџетот на Здружението;
- Донесување перспективен, годишен и периодичен план за работа и финансиски план;
- Ја усвојува завршната сметка на Здружението;
- Верифицира избор на Претседател на Здружението;
- Избира потпреседател на Здружението;
- Избира членови на Извршниот одбор;
- Одлучува за зачленување во регионални и меѓународни организации;
- Одлучува за престанок на работа на Здружението;
- Донесува деловник за работа под своја надлежност;
- Врши и други работи што со актите ќе му бидат ставени на надлежност.

Член 19
Собранието на Здружението се состанува редовно.
Собранието на Здружението го свикува Претседателот на Здружението на диплорани криминалисти.

Член 20
Собранието на Здружението може да донесува одлуки доколку се присутни повеќе од половина делегати на Собранието, ако со Статутот не е предвидено поинакво мнозинство.

2. ИЗВРШЕН ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 21
Извршниот одбор е извршен орган на Собранието на Здружението, кој брои пет члена.
Сите права и обврски Извршниот одбор ги врши врз основа на Статутот и други акти на Здружението.

Член 22
Извршниот одбор го сочинуваат Претседателот на Здружението, потпреседателот на Здружението и членовите.
Членовите ги избира Собранието од редот на своите членови и од редот на членовите на Здружението по предлог на Претседателот на Сојузот со мнозинство од вкупниот број делегати.

Член 23
Извршниот одбор ги има следниве права и обврски:
- Одржува средби и состаноци со лица кои се сметаат за важни за исполнување на целите на Здружението;
- Предлага донесување и подготвување на нацрти и предлози на општите акти кои се во надлежност на Собранието.
- Ги спроведува одлуките, заклучоците и други акти на Собранието;
- Именува и разрешува функционери и раководни лица во рамките на надлежностите утврдени со општи акти;
- Ги собира и распределува материјалните средства;
- Донесува одлука за формирање на комисии, други тела и ја насочува нивната работа;
- Одлучува за службени патувања во странство;
- Донесува правилници, деловници и други акти на Здружението, односно на неговите органи и тела;
- Основа фондови, ги утврдува условите и начините за нивно користење и одлучува за укинување на фондови;
- Извршува и други задолженија кои произлегуваат од интересот на членовите на Здружението.

Член 25
Извршниот одбор и секој негов член одговара за својата работа пред Собранието.
Собранието може да изгласа недоверба на Извршниот одбор.
Претседателот на Здружението може да предложи разрешување на член на Извршниот одбор.
Член на Извршниот одбор може да даде оставка.
Одлука по прашање од претходниот став донесува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број делегати.

Член 26
Во случај на оставка, разрешување или трајна спреченост на член на Извршниот одбор одредува вршител на должноста.

Член 27
На Извршниот одбор му престанува мандатот кога ќе се распушти Собранието.

3. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 28
Претседателот на Здружението своите права и должности ги врши врз основа на Статутот и други акти.

Член 29
Претседателот на Здружението се избира на непосредни тајни избори, со тајно гласање од страна на делегатите во Собранието, со мандат од 2 (две) години, со право на реизбор.

Член 30
Постапката за избор на Претседател на Здружението започнува во последните 30 дена пред истекот на мандатот на претходниот Претседател, или во друг рок доколку за тоа одлучи Собранието.
За Претседател на Здружението избран е кандидат кој добил мнозинство гласови од делегатите во Собранието кои гласале.
Доколку е покренат спор во врска со постапката за избор на Претседател, или од други причини се пролонгира постапката за избор на Претседател на Здружението, за почеток на мандатот на новоизбраниот Претседател на Здружението се смета датумот на издавање на издавање на Решение од Централниот регистар за промена на застапник на Здружението.
Во таков случај, мандатот на постојниот Претседател на Здружението трае до датумот наведен во претходниот став.
По завршување на постапката за избор на Претседател на Здружението може да постои период на кохабитација, односно период на заедничко делување на претходниот став.
За условите и начинот за примена на ваквиот принцип, како и за времетраењето на истиот одлучува Извршниот одбор на предлог на новоизбраниот Претседател на Здружението.

Член 31
Во случај на отсуство, Претседателот на Здружението го заменува Потпреседателот на Здружението.
Потпреседателот на Здружението го избира Собранието, од редот на своите членови по предлог на Претседателот на Здружението, со мнозинство гласови од вкупниот број делегати.

Член 32
Претседателот на Здружението ги има следниве права и обврски:
- Ги организира и усогласува активностите на Здружението;
- Предлага финансиски план и мерки за спроведување;
- Одлучува за трошење на средства за тековни потреби на Здружението, односно негови органи и тела до 30.000 денари, по претходна одлука на Извршниот одбор;
- Потписник на жиро-сметката на Здружението;
- Предлага членови на Извршниот одбор, комисии и др. тела на Здружението;
- Ги свикува и претседава со седниците на Собранието и Извршниот одбор, со право на одлучување;
- Други права и обврски кои со посебен акт ќе ги утврди Собранието или Извршниот одбор на Здружението.

Член 33
Претседателот има право и должност да запре од извршување акт на органите на Здружението за кои смета дека е спротивен на законот или на акт на Здружението и за тоа ќе го извести Собранието на Здружението или Извршниот одбор на Здружението, односно надлежниот орган на државата.

Член 34
Претседателот на Здружението е одговорен за кршење на Статутот и други акти за вршење на своите права и должности.
Постапка за утврдување на одговорност на Претседателот на Здружението ја покренува Собранието на барање на најмалку 1/2 од вкупниот број на делегати.
За одговорноста на Претседателот одлучува Собранието со 2/3 гласови од вкупниот број делегати.

VI. ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА И ИНФОРМИРАЊЕТО

Член 35
Органите на Здружението се обврзуваат да обезбедат систем на информирање со кој секој член ќе биде запознаен со целокупното работење на Здружението.
Сите акти на Здружението се објавуваат, освен во случаите кога органите на Здружението одлучат поинаку, а во согласност со Статутот и др. акти на Здружението.

Член 36
Седниците секогаш се затворени, во случаи кога би биле повикани лица кои со својата стручност би допринеле во работата.
Органите на Здружението можат да организираат Прес конференција и да имаат свои информативни гласила.

VII. АКТИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 37
Здружението донесува Статут, правилници, деловници, одлуки, решенија, заклучоци и други акти.
Со правилниците и одлуките се регулираат прашања за кои со закон или со овој Статут е предвидено да се регулираат со општ акт.

Член 38
Актите на Здружението влегуваат на сила веднаш по нивното донесување.

Член 39
Општите акти на Здружението ги потпишува Претседателот на Здружението или за тоа овластено лице од Претседателот.

Член 40
Толкувањето на одредбите т.е. на овој Статут и на општите акти даваат нивните носители.

Член 41
Постапката за донесување на општите акти се утврдуваат со Деловникот за работа на органите на Здружението.

VIII. ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА СТАТУТОТ

Член 42
Постапка за донесување на нов Статут на Здружението, односно измени и дополнувања се покренува со:
- Одлука на Собранието;
- Предлог на Извршниот одбор или Претседателот на Здружението;
- Предлог за покренување постапка се поднесува писмено со потребно образложение;
- Предлог за донесување на Статут го разгледува Извршниот одбор и му го доставува на Собранието со свое мислење.

Член 43
Нацртот на Статутот, односно измената и дополнувањето на Статутот ги подготвува Извршниот одбор.
Статутот, односно измените и дополнувањата се донесуваат со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број делегати во Собранието.

IX. ПРЕСТАНОК НА РАБОТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 44
Здружението престанува со работа ако за тоа одлучи Собранието на предлог на 2/3 од вкупниот број делегати.
Постапката за престанок за работа се утврдува со општ акт што се донесува со 2/3 мнозинство на гласови од вкупниот број делегати.

Член 45
Во случај на престанок на Здружението или негова реконструкција, правен наследник на истиот ќе биде правно лице утврдено со одлука на Собранието на Здружението, а доколку ваква одлука не е донесена, правниот наследник ќе се утврди спрема позитивните правни процеси и прописи.

X. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 46
Се задолжуваат органите на Здружението да извршат усогласување и донесување на општите акти со одредбите од овој Статут во рок од 30 (триесет) дена.

Член 47
Право на толкување на одредбите на овој Статут има Собранието на Здружението.

Член 52
Овој Статут влегува на сила веднаш по неговото донесување.


16.11.2008 год.
Back to top Go down
View user profile http://kriminalist.macedonianforum.net
 
Статут на ЗДК
View previous topic View next topic Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Криминалист :: Здружение на дипломирани криминалисти-
Jump to: