Форум за криминалистика и криминологија
 
HomeCalendarFAQSearchMemberlistUsergroupsRegisterLog in

Share | 
 

 Компјутерски криминалитет

View previous topic View next topic Go down 
AuthorMessage
Nick
Admin
avatar

Posts : 43
Points : 88
Join date : 2013-01-15

PostSubject: Компјутерски криминалитет   Wed Nov 13, 2013 4:21 pm

>
>
>
Kривичните дела против безбедноста на податоците во современите информатички системи да се нарекуваат компјутерски криминалитет.

Компјутерот претставува еден од најзначајните, најреволуционерни текови во развојот на техничко-технолошката цивилизација. Покрај сите предности кои со себе носат голема корист на човештвото, компјутерот брзо стана и средство на злоупотреба од поединци, групи па и организации.

Компјутерите се секојдневен и незаобиколив дел, сегмент во сите сфери на животот од производство, промет, вршење услуги, се` до националната одбрана и безбедност во најширока смисла. Сите овие различни форми на непосредна примена на компјутерите во сите области на животот не останал незабележани од страна на поединци и групи, кои не бирајќи средства и начин за противправно однесување, се обидуваат за себеси или за други да зграбат противправна имотна корист.

Така компјутерот станува средство за вршење на различни облици недозволени, противправни дела.

Дон Паркер, го одредува компјутерскиот криминалитет како злоупотреба на компјутерите во смисла на сите случувања кои се во врска со употребата на компјутерската технологија, каде жртвата трпи или би можела да трпи штета, а чинителот делува со намера да присвои за себе некоја корист (Don Parker, Computer abuse, Спрингфилд, 1973 год. стр. 70).
August Bequai, компјутерскиот криминалитет го дефинира како вршење на кривично дело каде компјутерот се јавува како објект при вршење на превара, затајување или злоупотреба, каде целта е присвојување на пари или услуги како и вршење на политички или други манипулации. (August Bequai, Computer crime, Леџингтон, 1978 год, стр. 4).

Свесни сме дека информатичката револуција донесе квалитативен напредок во животот на сите луѓе, толку јак, што практично веќе е невозможно да се замисли цивилизацијата без информатичката поддршка во сите свои облици кои ни пружаат информациска технологија. Од друга страна пак, ваквиот експлозивен развој несомнено произведе и одредени пропратни последици од негативен карактер. Непрестајни се научните расправи за тоа дали криминалитетот од областа на информациската технологија, претставува само логично продолжение на секојдневниот криминалитет со која се судрува човечка заедница, само еден од облиците на тој истиот криминалитет или пак потполно нов и посебен облик на криминално однесување кое бара посебно дефинирање и третирање.

Облици на компјутерскиот криминалитет се:
противправно користење на услуги,
неовластено преземање информации,
компјутерска кражба,
компјутерска измама,
компјутерска саботажа и компјутерски тероризам, и
криминал врзан за компјутерската мрежа.

Списикот на кривични дела кои се засноваат на злоупотреба на компјутерските и интернетот е прилично голем, и ограничен е на фантазијата и дрскоста на оние кои ги чинат тие дела. Тука се вбројуваат: внесувањето на компјутерски вируси, хакерски дејства во компјутерскиот систем, компјутерски фалсификат, компјутерски оштетување, компјутерска саботажа, неавторизиран пристап, неавторизирано репродуцирање на заштитени компјутерски програми, промена на компјутерски податоци или компјутерски програми, неавторизирана шпиунажа, разни врски на компјутерска измама, кражба на е-маилови, лажни е-маилови и веб страници кои емитираат лажна бесплатна содржина...

Во Америка каде се издвојуваат огромни средства за борба против компјутерскиот криминалитет, ФБИ успева да открие само 1% чинители на кривични дела извршени со злоупотреба на компјутерите и интернетот, додека пак нашата земја и земјите до регионот тешко можат да се пофалат со овој процент.

Големите практични можности кои ги пружа современиот софистициран напредок во компјутерската информатичка технологија, со себе носи и опасност од ширење и масовна употреба на електронско прислушкување, кражба на службени и други тајни и различни облици на интелектуална сопственост/своина, обично нарушување на приватноста и други човечки слободи и права како и на личниот интегритет, а во последно време присутна е и реалната опасност од бранот на терористичките напади. Едно ново американско испитување од оваа област укажува на тоа дека компјутерскиот криминалитет се случува дури 40 пати почесто од класичниот, општ, традиционален криминалитет, а дека 90 посто од компјутерскиот криминалитет останува практично неоткриен.

Back to top Go down
View user profile http://kriminalist.macedonianforum.net
Nick
Admin
avatar

Posts : 43
Points : 88
Join date : 2013-01-15

PostSubject: Re: Компјутерски криминалитет   Wed Nov 13, 2013 5:06 pm

Компјутерскиот криминалитет се карактеризира со голема динамика и видови на исполнување.

Причинителите на овие кривичните дела се ненасилни, неделиквенти и социјално прилагодливи поединци. Тоа се лица кои мораат да поседуваат посебно стручно и практично знаење и вештина во доменот на високата информатичка и компјутерска технологија и на кои ваквите технолошки средства им се достапни. Најчесто компјутерските криминалци се млади лица околу 25 години, кои во најголем број случаи никогаш не биле осудувани. Овие интелегентни лица се потполно отворени за пратење на технолошкиот напредок и компјутерот за нив претставува центар на нивниот живот.


Противправно користење на услуги и неовластено
собирање на информации


Противправното користење на услуги се состои во неовластена употреба на компјутерот или негова овластена употреба но за остварување на потреба на некој неовластен корисник (компјутерот се користи за било која друга цел, освен онаа која претставува дел на неговата намена во информатичкиот систем).

Неовластеното преземање на информации претставува кражба на податоци од компјутерскиот систем, најчесто со цел за остварување на протиправна имотна корист.


Компјутерска кражба

Кражбата завзема високо место во областа на компјутерскиот криминалитет а во овој контекст од посебно значење е кражбата на идентитетот. Оваа врска на кражба претставува посебно општествено-опасна работа, каде се навлегува во интегритетот на комерцијалната трансакција и се загрозува индивидуалната приватност. Овој вид на кражба расте со зголемувањето на електронската трговија.

Со лажниот идентитет криминалецот може да добие позајмица во банка, да купи автомобил, стан, да оди на патување и сл. и на тој начин да го оптерети финансики лицето чиј идентитет го користи, а во некои случаи да направи и криминално досие.


Компјутерска измама

Компјутерската измама се основа на заблуда со внесување на неточни податоци во компјутер или се пропушта внесување на точни податоци, или на било кој друг начин се користи компјутерот за остварување измама во кривично-правна смисла.

Компјутерските измамници ги злоупотребуваат оние карактеристики кои допринесуваат за порастот на електронската трговија: анонимност, дистанцираност помеѓу продавачот и купувачот. Заедно со сето тоа, измамниците ја користат предноста што измамата преку интернет не бара пристап до некој систем за исплата, и што дигиталниот пазар е сеуште недоволно уредено и какво и конфузно за потрошувачите, за измамниците претставува скоро идеално со услови за компјутерска измама.


Компјутерска саботажа и компјутерски тероризам

Компјутерската саботажа се состои од уништување или оштетување на компјутерите или други уреди за обработка на податоци во рамките на компјутерскиот систем, или бришење и менување, односно спречување на користење на информациите кои се наоѓаат во меморијата на информатичките уреди. Најчести видови на компјутерска саботажа се оние кои делуваат деструктивно на оперативно-информативните механизми и кориснички програми, пред сe, на оние кои имаат функција на чување на податоците.

Кога станува збор за компјутерски тероризам, денес постои реална опасност од тоа, информатичките ресурси а посебно глобалната информатичка мрежа да стане многу ефикасно средство во рацете на терористите, овозможувајќи им начини на делување за кои порано не можеле ни да сонуваат. Дека информатичката инфраструктура е мета на терористички организации покажала во 1997 година, ИРА кога ја шокирала англиската јавност со закани дека покрај бомби, атентати и други облици на терористички напади, ќе почне да употребува и електронски напади на службени и владини компјутерски системи. До сега изгледа на терористите им недостигал талент и вештина со компјутерите. Меѓутоа искуството со Ал-Каеда покажува дека припадниците на овие теористички организации се служат со софистицирани техники со заштита на своите врски за комуникација на интернет, постојано поставуваат нови веб локации на кои би пропагираат своите фундаменталистички идеи, а кај некои од уапсените терористи се пронајдени и компјутери со шифрирани фајлови.
:::
Она што ја зголемува опасноста кога станува збор дека терористите во наредниот период се повеќе ќе користат висока технологија за остварување на своите деструктивни цели се изворите на "талент≈ кои можат да ги обезбедат стручњаците на високо ниво, да преземат од терористите задачи по договор, или да ги обучуваат терористите за тајни акции по пат на висока технологија и за стратегиски тероризам кој треба да го извршува многу дисциплиниран и организиран кадар.
Главен заклучок кога се работи за компјутерскиот тероризам би бил дека во времето кое доаѓа терористите се повеќе ќе користат висока технологија, како за шпиунажа и саботажа така и за пропагирање на своите идеи.
Нивни цели би можеле да бидат податоци на банки, сметачки ресурси, владини комуникациски системи, електро-централи кои се управуваат преку компјутер, рафинерии за нафта, аеродроми...















Навлегување во компјутерски систем

Навлегувањето во компјутерскиот систем претставува многу суптилно, по електронски пат изведено, нарушување на тајноста на поединечен компјутерски систем, односно неовластено електронско навлегување во централен компјутерски систем и неговата база на податоци. Вакви дела претежно вршат хакерите, кои преку својот персонален компјутер се вклучуваат во други информатички системи, при што првенствено користат интернет. Овие чинители спретно ги заобиколуваат заштитните механизми а делата не ги вршат од злонамерност, туку настојуваат јавно да ја демонстрираат информатичката вештина со која располагаат или да укажат на постоечката слабост во механизмите на заштита во компјутерскиот систем.
Затоа, на мета на овие чинители се токму оние компјутерски мрежи, од кои со право се очекува да бидат максимално заштитени од провала, како што се: воени компјутерски комуникации, информатички системи на службите за информирање, државни институции...
Иако оваа провала во компјутерскиот систем е незлонамерна сепак се смета за компјутерска деликвенција и во никој случај не е безопасна.








Криминал врзан за компјутерската мрежа

Криминалот врзан за компјутерската мрежа е криминално однесување каде компјутерската мрежа се јавува во тројна улога: како средство или алат, како цел и круг на извршување на кривични дела.
- Компјутерска мрежа како цел на напад - се напаѓаат сервиси, функции и содржини кои се наоѓаат во мрежата. Се крадат услуги и податоци, се оштетуваат или уништуваат делови или цела мрежа.
- Компјутерска мрежа како средство или алат - денес модерните криминалци користат секакви врсти на компјутерски мрежи како оружје за реализација на своите намери. Користењето на ова ново оружје посебно е популарно кај детската порнографија, злоупотребата на интелектуалните своини или на интернет се продава недозволена стока (дрога, човечки органи, жени...).
- Компјутерска мрежа како круг во кој се реализираат напади - најчесто тие кругови служат па прикривање на криминални дејствија, како што тоа вешто успеваат да го направат пр. педофилите, а и другите криминалци не се ништо помалку успешни. Секако постојат и други улоги како што се на пр.: користење мрежа како симбол на застражување.
Демократски и економски развиените земји вложуваат огромни средства во правец на рушење на компјутерскиот криминалитет. Земјите членки на Советот на Европа, Европската Унија како и Соединетите Американски Држави, преземаат чекори пред с¯ на техничко ниво, а потоа и на правно поле за да му се спротивстават на компјутерскиот криминалитет. Она што мора да биде неспорно е дека во земјите кои се во транзиција, без обезбедување на безбедносен простор нема да биде значајно уложувањето на странските компании, ниту ќе може да се оствари ефикасна соработка помеѓу земјите во регионот. Секако, овие земји и онака имаат голем број проблеми, а премалку финансиски и човечки ресурси да би се концентрирале исклучиво или претежно на обезбедување одбранбен систем против компјутерскиот криминал.
Неодамна во Вашингтон ФБИ организирал состанок на министрите (на големите сили) чија тема била - осмислување на заедничка борба против компјутерскиот криминал. Постигнат е договор, секоја држава да формира група од компјутерски образовни полицајци, кои ќе бидат во меѓусебна врска 24 часа дневно. Тие ќе соработуваат со софтверски и хардверски производители на развојот на системи за заштита на мрежата и следење на траг на напад на мрежата. Иако сеуште не постои закон за оваа врста на криминалци, сите се обврзале дека ќе си помагаат меѓусебно во прибирањето на докази во таквата истрага.
Меѓутоа, сето тоа е сеуште само на хартија, рокови и датуми не се дефинирани, буџети сеуште не се одобрени. Од посебно значење во областа на компјутерскиот криминалитет се конвенцијата на Обединетите нации против трансакционалниот организиран криминал - Палермо 2000, како и Конвенцијата на Советот на Европа за компјутерскиот криминалитет - Цѕберцриме - усвоена во Будимпешта 23 ноември во 2001 година. Палермо - Конвенцијата претставува значаен напредок во глобалното одредување на организираниот криминал и за утврдување на промени кои државите треба да ги спроведат во своето законодавство, за спротивставувањето на криминалот да биде ефикасно. Со уредувањето на законодавството за оваа област последиците би се свеле на битно поврзување на државите во регионот на економско-финансиски план, со што би се смалил просторот и замавот на ширењето на компјутерскиот криминалитет.
Конвенцијата на Советот на Европа за компјутерскиот криминалитет, кога е во прашање оваа тема, таа ги конкретизира мерките кои треба да се првземат со цел за гонење на чинителите на кривични дела од оваа област. Согледувајќи дека превентивните мерки, често не се доволни, логично е дека сите современи кривични законодавства познаваат едно или повеќе компјутерски кривични дела за кои се пропишани различни врсти и мерки на кривична санкција.
Така, иако Германскиот кривичен законик (Сцхонке-Сцхродер, Страфгесетзбуцх, Мунцхен, 1978 година) не ги познава компјутерските кривични дела, тоа не значи дека оваа противправно недозволено донесување не е инкриминирано. Во Германија во 1986 година е донесен посебен Кривичен законик на разбивање на криминалитет каде е вклучен компјутерскиот, и тоа: компјутерска шпиунажа - чл. 202а, компјутерска измама - чл. 263а, фалсификување на податоци - чл. 269, измама во правниот промет при обработка на податоци - чл. 270, промена на податоци - чл. 302а и компјутерска саботажа - чл. 303а.
Кривичниот законик во Австрија (Е. Фореггер - Е. Серини, Страфгесетзбуцх, Њиен, 1989 година) предвидува компјутерско кривично дело во чл. 126а - оштетување на податоци.
Во Велика Британија, во 1990 година е донесен посебен Законик за злоупотреба на компјутерите. Овој закон опфаќа кривични дела врзани за злоупотреба на компјутерите и други информациски системи за кои се пропишани многу строги казни (Мартин Њасик, Тхе цомпутер њисусе ацт, Тхе Цриминал Ревиењ, 1990 година, стр. 767).
Во Кривичниот законик на Република Србија (Службени Гласник Републике Српске, Банја Лука, бр. 22/2000) опфаќа и санкционира кривично дело под име: неовластено влегување во компјутерски систем - чл. 260.
Кривичниот законик на Република Словенија (Б. Пенко, К. Стролиг, Казенски законик з уводним појаснили, Лјублјана, 1999 година) ги опфаќа следните кривични дела: противзаконски влез во заштитена пресметувачка база на податоци - чл. 225 и неовластено влегување во компјутерски систем - чл. 242.
Кривичниот законик на Република Хрватска (Народне новине, Републике Хрватске, Загреб, бр. 110/1996 година) - чл. 223, вклучува кривично дело под името: Оштетување и употреба на туѓи податоци.
Кривичниот законик на Руската Федерација (Л. И. Скуратов, В. М. Лебедов, кодекс Москва, 1996 година) санкционира повеќе компјутерски кривични дела во посебна глава бр. 23, која носи име: Кривични дела во сферата на компјутерските информации. Овде се пропишани следните кривични дела: Противправен пристап до компјутерски информации - чл. 272, Правење, користење и ширење на штетни компјутерски програми - чл. 273 и Повреда на прописи за експонирање на компјутери, компјутерски системи или нивната мрежа - чл: 274.
Кривичниот законик на Македонија (Службен весник на Република Македонија, Скопје, бр. 37/1996 година) санкционира во чл. 251 компјутерско кривично дело под името: Неовластено влегување во компјутерскиот систем.



Back to top Go down
View user profile http://kriminalist.macedonianforum.net
 
Компјутерски криминалитет
View previous topic View next topic Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Криминалист :: Информатика-
Jump to: