Форум за криминалистика и криминологија
 
HomeCalendarFAQSearchMemberlistUsergroupsRegisterLog in

Share | 
 

 Безбедносно-разузнавачки систем на Франција

View previous topic View next topic Go down 
AuthorMessage
Nick
Admin
avatar

Posts : 43
Points : 88
Join date : 2013-01-15

PostSubject: Безбедносно-разузнавачки систем на Франција   Tue Sep 24, 2013 7:19 pm

>
>
>

Безбедносно-разузнавачкиот систем на Република Франција го сочинуваат Националната полиција, Жандармеријата и Армијата и големиот број на агенции во секоја од нив.

Армијата е составена од голем број на бранши: Легија на странци, Националните маринци, Лесната воена авијација, Воздухопловните сили и Националната жандармерија.

Служењето воен рок е на доброволна база и е овозможено за сите со возраст помеѓу 17 и 40 години. Воениот рок изнесува 12 месеци, а за жените се однесува за служење во единици од неборечки карактер. Во моментот, Франција има над 12 милиони мажи и 11.8 милиони жени кои се способни за одбрана на државата. Годишно за потребите на институциите на одбраната и разузнавањето, официјално Франција троши 2.6% од својот БНП.

Дејноста на овие институции ја следат различни координациони и контролни разузнавачки тела како на пример:
• Меѓуресорскиот комитет за разузнавачки работи;
• Генералниот секретаријат за национална одбрана;
• Комитет за научни истражувања во областа на обраната;
• Постојан разузнавачки комитет;
• Специјален комитет за контрашпиунажа.

           
1.1. Меѓуресорски комитет за разузнавачки работи (CIR)

Меѓуресорскиот комитет за разузнавачки работи се наоѓа на чело на безбедносно-разузнавачкиот систем на Р. Франција. Тој ги одредува општите насоки на севкупното делување на разузнавачкиот систем. Со ЦИР претседава премиерот на Република Франција, а исто така членови се и министрите за внатрешни и надворешни работи, министрите за економија и национална одбрана, како и директорот на Генералната дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ). Овој комитет е подреден на Врховниот совет за одбрана со кој раководи претседателот на Р. Франција.

            1.2. Генералниот секретаријат за национална одбрана (SGDN)

Генералниот секретаријат за национална одбрана ги обединува, координира и раководи со работата на сите служби за одбрана. Тој претставува оперативен орган составен од раководители и професионалци од сите служби кои вршат координација и насочување на работата на сите субјекти на безбедносно-разузнавачкиот систем.

Овој Секретаријат е организиран во четири одсеци и тоа:
1. Одсек за национална одбрана - во чии рамки се вршат истражувања на проблеми кои се однесуваат на сите облици на опасност по земјата, се изработуваат стручни студии и се предлагаат решенија за безбедносните проблеми на долг рок;
2. Одсек за цивилни работи - кој се занимава со анализа на функционирањето на државната управа, посебно во поглед на ефикасноста во борбата против внатрешниот екстремизам и тероризам;
3. Стопански одсек - врши дејности на издавање на дозволи за извоз и увоз на вооружување и воена опрема на производителите и увезувачите на територијата на Р. Франција; и
4. Разузнавачки одсек – чија задача е организација и спроведување на планот за разузнавачко и контраразузнавачко обезбедување на Република Франција.

1.3. Постојан разузнавачки комитет (CPR)

Постојаниот разузнавачки комитет е составен од постојани и повремени членови. Постојани членови се шефовите на кабинетот на премиерот, на министерот за национална одбрана, на министрите за внатрешни и надворешни работи, како и директорите на разузнавачките служби. Повремени членови се претставниците на оние разузнавачки служби кои се заинтересирани за одредени безбедносни проблеми, или за заштита на конкретни објекти, документи и личности.

Членовите на Комитетот се состануваат најмалку еднаш во два месеци, а имаат обврска заедно да изработат државен план за разузнавачката и контраразузнавачката работа.

1.4. Комитет за научни истражувања во областа на обраната (CASD)

Комитетот за научни истражува во областа на одбраната има обврска да соработува со сите одсеци на Генералниот секретаријат и да предлага решенија за поединечни прашања и проблеми од областа на одбраната.

1.5. Специјален комитет за контрашпиунажа (CSC)

Специјалниот комитет за контрашпиунажа врши супервизија и контрола над работата на контраразузнавачките активности.

2. ВОЕНО-РАЗУЗНАВАЧКИОТ СИСТЕМ  НА РЕПУБЛИКА ФРАНЦИЈА

Во Република Франција, официјално не постои автономно-централна разузнавачка институција. Поради ова сите безбедносно-разузнавачки служби делуваат како организациони целини во рамките на Министерството за национална одбрана.

Во овој ресор на одбраната егзистираат:
• Генерална дирекција за надворешна безбедност (DGSE);
• Военоразузнавачка служба (DRM); и
• Дирекција за заштита и безбедност во одбраната (DPSD).

2.1. Генерална дирекција за надворешна безбедност (DGSE)

Генералната дирекција за надворешна безбедност е наследник на службата BCRAM, која е формирана во почетокот на Втората светска војна, во рамките на Штабот на генералот и подоцнежен претседател на Република Франција, Шарл Де Гол.
Во рамки на дирекцијата, извршени се две реконструкции и реорганизации, и тоа во 1947 и 1974 година, со што станува потполно автономна разузнавачка служба, потчинета на претседателот и на премиерот. Во 1982 година го добива и денешниот актуелен назив.

Основни правци на интересирање на оваа служба се: прибирањето на податоци од сите сфери на општествениот живот на секоја странска земја, заради предвидување на развојот на ситуациите кои би можеле да ги загрозат воените, политичките и други интереси на Република Франција, како и собирање на податоци од областа на науката и технологијата, со цел зголемување на познавањата од овие области, како и откривање на плановите и позициите на странските разузнавачки служби заради спречување на нивните активности насочени кон Република Франција.

Централата на оваа служба се наоѓа во Париз. Нејзиното раководство го сочинуваат Генераллен директор, негов помошник и директори на организационите единици во составот на службата. Во рамките на оваа дирекција егзистираат како нејзини составни делови следниве дирекции, служби и органи:
• Дирекција за истражување;
• Дирекција за контрашпиунажа;
• Дирекција за проучување на документација;
• Дирекција за акции;
• Служба за технички материјали; и
• Финансиско-кадровска служба.

По извршената реорганизација, Генералната дирекција за надворешна безбедност (DGSE) се состои од следните оддели (управи):
• Стратегиска управа;
• Разузнавачка управа;
• Технички оддел; и
• Оддел за операции.

Стратегиската управа подготвува студии за политички опции достапни на Франција. Во реализацијата на своите активности остварува тесна соработка со Министерството за надворешни работи.

Разузнавачката управа е задолжена за собирање на информации првенствено од човечки извори, со акцент на воено-разузнавачките задачи. Во поново време се почесто се занимава и со проблемите на технолошката шпионажа.

Техничкиот оддел е задолжен за стратегиско собирање на електронски податоци и одржување на станиците во Франција и странство, додека одделот за операции е наменет за подготвување на тајните операции и нивна реализација.

Генералната дирекција за надворешна безбедност е подредена на Минстерството за национална одбрана на Франција. Таа е одговорна за военото разузнавање, електронското разузнавање, како и за контрашпионажата надвор од границата на националната територија.

Денес DGSE претставува централен и раководен орган во разузнавачката заедница со цел да врши контрола на службите за разузнавање и контрашпионажа. Таа првенствено делува на територијата на Франција, со основна задача собирање и обработка на податоци и нивно доставување до корисниците. Денес, во рамки на оваа Дирекција функционира Група за радиоелектронско извидување, која има за задача стратегиско-електронско разузнавање чии центри се разместени насекаде низ светот. Во нејзиниот состав се наоѓаат Пливачката единица и Акционата дивизија.

2.2. Дирекција за воено-разузнавачки активности (DRM)

Како што веќе напоменавме, Француската Армија е поделена на различни воено-разузнавачки служби, служби за безбедност и специјални сили. Така, според хиерархијата, на Врховниот совет за одбрана му е подреден Штабот за национална одбрана, на кого пак, му одговараат Воено-разузнавачката служба и Службата за воена безбедност. Овој подсистем е сочинет и од Разузнавачката служба на вооружените сили и Жандармеријата .

Дирекцијата за воено-разузнавачки активности е основана во 1992 година, како тенденција да се отстранат сите недостатоци во разузнавачките активности кои се појавиле во текот на Заливската војна, која беше водена меѓу сојузниците на САД и Ирак, а како реакција на ирачката инвазија врз Кувајт.

Дирекцијата е директно потчинета на Министерството за национална одбрана и во неа се вработени околу 1.600 лица, официјално, најголемиот дел од копнената војска.
Во делокругот на должности на Дирекцијата, спаѓаат: планирање, координација, собирање и користење на податоци од воена природа. Сепак, Дирекцијата за воено-разузнавачки активноти нема ингеренции за користење на тајни методи при своето работење, како на пример, агентурниот метод. Таа собира и анализира податоци за странските армии на стратешко и оперативно ниво, за што користи податоци од други служби. Затоа, Дирекцијата дејствува офанзивно, собирајќи информации преку извидувањето, изучувањето на воена литература, анализира податоци добиени од други служби (како на пример, од Легијата на странци), а најголемиот делна информации ги собира преку сателитските, орто-фото снимките и другите електромагнетни записи.

Во рамки на Дирекцијата, постојат и делуваат следниве единици:
• Поддиректоратот за истражувања, кој собира информации од човечки извори (humint);
• Поддиректорат за експлоатација;
• Поддиректорат за контрола на пролиферацијата на оружје, која врши анализа на заканите од нуклеарното, биолошкото и хемиското оружје;
• Поддиректоратот за техника, кој пружа техничка помош на Дирекцијата; и
• Поддиректоратот за кадар и администрација, кој ги одредува стандардите за работа ив рши прием и обука на персоналот.

Со новата систематизација на Дирекцијата, истата е формиран од повеќе разузнавачки служби:
• Воен разузнавачки центар за експлоатирање-CERM;
• Центар за Информирање за електромагнетните зрачења;
• Внатрешно-армиска единица HELOS; и
• Второто биро на Армијата и Авијацијата .
Военоразузнавачки центар за експлоатација е тактичка разузнавачка единица потчинета на шефот на персоналот кој работи во CERM. Таа всусшност претставува најмала и најтајна служба во француското тактичко разузнавање. Ја координира и ја следи работата на останатите разузнавачки служби, како и единиците на трите видови вооружени сили и била одговорна за оперативно и зар стратегиско разузнавање, додека трите вида вооружени сили се одговорни за тактичкото разузнавање.
CERM е лоциран во Центарот за внатрешно воено разузнавање (CIFR) во Стразбург, формиран во 1974 година. CIFR е целосно интегриран во DRM.

Основачкиот декрет на DRM од 16 јуни 1992 година го задолжува директорот на оваа служба со планирање, координирање, водење истрага и управување со военото разузнавање. Но постепено, обврските на директорот од разузнавање со воен интерес преминале во политичко и во стратегиско разузнавање што е примарна цел на DGSE. Дирекцијата за воено-разузнаважки активности не е тајна служба и е одговорна за надворешната сигурност, а нејзините вработени не се шпиони.

Активностите на DRM вклучуваат и анализи на сателитските и на другите електромагнетни записи. Директорот на DRM директно е одговорен пред министерот за одбрана.

2.3. Дирекција за заштита и безбедност на одбраната (DPSD)

Дирекцијата за заштита и безбедност на одбраната е формирана по Втората светска војна, како контраразузнавачка служба, која тогаш имала за задача да врши заштита на француската Армија од активностите на разузнавачките служби на воениот непријател. Денес, основна задача на оваа Дирекција е контраразузнавачка заштита на француската армија и на сите стопански институции со кои Армијата соработува.

Дирекцијата за заштита и безбедност на одбраната организационо и функционално му припаѓа на Генералштабот на француската Армија, но и покрај тоа, таа е директно поврзана и со Министерот за национална одбрана. Затоа, сите регионални и локални одсеци одговараат директно на Министерот.

Дирекцијата за заштита и безбедност на одбраната има центри кои функционираат во секоја воена, воздухопловна и приморска област, а на т.н. осетливи точки, има формирано одсеци. Со Дирекцијата раководи воен старешина со чин Генерал.

Во рамки на Дирекцијата за заштита и безбедност на одбраната, функционираат четири одделенија:
• Одделение за истражувања и експлоатација;
• Одделение за индустрија и вооружување;
• Одделение за администрација, организациони и персонални работи; и
• Одделение за анализа.

Дирекцијата за заштита и безбедност на одбраната соработува со француската национална полиција, царината и жандармеријата, а значајни контакти остварува и со странските безбедносни служби.


Last edited by Nick on Tue Sep 24, 2013 7:44 pm; edited 1 time in total
Back to top Go down
View user profile http://kriminalist.macedonianforum.net
Nick
Admin
avatar

Posts : 43
Points : 88
Join date : 2013-01-15

PostSubject: Re: Безбедносно-разузнавачки систем на Франција   Tue Sep 24, 2013 7:37 pm

3. РАЗУЗНАВАЧКО-БЕЗБЕДНОСНИ УСТАНОВИ НА НАЦИОНАЛНАТА ПОЛИЦИЈА

Разузнавачко-безбедносни служби на француската национална Полиција се:
5. Дирекцијата за надзор над територијата (DST);
6. Централната дирекција за општи известувања (DCRG);
7. Централна дирекција на судската полиција (DCPJ); и
8. Републикански безбедносни одреди (CRS).

3.1. Дирекција за надзор над територијата (ДСТ)

Дирекцијата за надзор над територијата е контраразузнавачка служба создадена во 1899 година. Сепак, фактички дејствувала само во периодот од 1939 до 1942 година, кога била расформирана од новата германска власт. Со работа продолжила веднаш по ослободувањето од германската окупација, во 1944 година.

Во седумдесеттите години на минатиот век, ова Дирекција вршела цивилна контрашпиунажа, а од тој период постанува и служба за антитероризам и контрасубверзивни дејствија, а од 1981 година ги превзема и поголемиот дел од контраразузнавачките должности.

Во денешно време, Дирекцијата за надзор над територијата го спречува ширењето на оружјето за масовно уништување и тешките форми на општиот криминал (организираниот и меѓународниот). Со декрет од 1951 година, оваа Дирекција е овластена да врши тајна контрола и спречување на тајните активности насочени против Република Франција од странство, да ги контролира политичките организации и здруженија во Република Франција, да ги штити нуклеарните тајни на Франција, да го контролира печатот ид а спречува појава на расна, верска и национална омраза во него, како ид а предлага забрани за влез на странци во Република Франција, кои би можеле да работат против интересите на ова држава.

Поокрај тоа што дејствува контроразузнавачки, оваа дирекција има надлежности да дејствува и офанзивно кон другите држави. Дирекцијата има свои центри во Париз, Лил, Рен, Бордо, Лион, Тур и Марсеј, како и во прекуморските департмани на Република Франција во Нова Каледонија и Полинезија.

Централата на Дирекцијата за надзор над територијата е сочинета од шест оддели:
• Оддел за истражување и анализа;
• Оддел за борба против тероризмот;
• Оддел за електронско следење;
• Оддел за контрола над печатот;
• Оддел за надзор над индустријата; и
• Оддел за други заеднички работи.

Одделот за индустрија, економска сигурност и заштита на националните имоти во DST има единици во 22 региони, за да ја заштити француската технологија. Овој оддел работи веќе 20 години, не само во корист на индустријата за одбрана, туку и за фармацевтската, за автомобилската индустрија и за сите производствени и услужни сектори.

Во рамки на Дирекцијата за надзор над територијата, постои и Кабинет за меѓународни односи, кој соработува со американската Централна разузнавачка агенција (CIA), американското Федерално биро за истраги (FBI) и израелската разузнавачка служба MOSSAD.

Во рамки на Дирекцијата, функционира и одсек за следење и контрола на работата на американските разузнавачки служби на територијата на Република Франција, а особено внимание се посветува на сузбивањето на израелската шпиунажа.
Според официјалните податоци, во рамки на Дирекцијата за надзор над територијата, се вработени над 7.000 специјалци.

3.2. Централна дирекција за општи известувања (DCRG)

Централната дирекција за општи известувања е основана во 1949 година, а свои корени има уште од 1855. Таа претставува ресорска разузнавачка служба во рамки на француското Министерство за внатрешни работи, која собира информации за тероризмот, внатрешниот екстремизам и корзиканскиот сепаратизам, како и екстремистичките левичарски и десничарски движења.

Седиштето на Централната дирекција за општи известувања се наоѓа во Париз, а истата функционира како внатрешно-разузнавачка служба, без извршни овластува. Таа собира разузнавачки информации за територијата на Република Франција, кои понатаму ги користат други други специјализирани полициски служби во Франција. Таа всушност, е цивилна служба за заштитан а францускиот Устав која истиот го штити од екстремната десница и левица. За таа цел, Дирекцијата има развиена мрежа на соработници на целата национална територија.

Централната дирекција за општи известувања собира информации кои се однесуваат на следењето на дневниот печат во државата, создавањето дневни билтени, следењето на работата на општинските собранија, вршењето надзор над сомнителните групи и организации, врши контрола над работењето на граничните премини и го следи престојот ид вижењето на странци во Република Франција. Дирекцијата го следи и проучува ставот и расположението на јавното мислење.

Централната дирекција за општи известувања е составена од четири поддирекции :
• Поддирекција за истраги на тероризам и шпиунажа;
• Поддирекција за анализа на собрани информации;
• Поддирекција за следење на хазардните игри и илегалните обложувалници и казина; и
• Поддирекција за средства, методи и раководење со ресурси.

Според официјалните информации, во оваа Дирекција се вработени над 4.000 службеници.

3.3. Централна дирекција на судската полиција (DCPJ)

DCPJ е голема француска служба за внатрешна безбедност која всушност е "јавно лице" на Дирекцијата за надзор на територијата. Една од главните улоги на судската полицијата е да го открива прекршувањето на законите, да набљудува, да собира докази, да ги бара извршителите и да ги идентификува.
DCPJ вклучува Територијална и Централна управа на Националната полиција за превенција и за совладување на организираниот криминал и специјализираните престапи. Составена од оперативни органи со национална надлежност, и тоа: Поддирекцијата за полициска техника и наука, Поддирекцијата за криминален бизнис, Поддирекцијата за економски работи и финансии и поддирекции за внатрешни врски.

Територијалната управа на судската полиција вклучува: Регионална дирекција на судската полиција во Париз (DCGO), која има три поддирекции: Централна бригада, Дивизии на судската полиција и Бригади за финансиски и економски работи .

3.4. Републикански безбедносни одреди (CRS)

Републиканските безбедносни одреди претставуваат мобилни единици коишто ги претставуваат главните резервни сили на Националната полиција.

ЦРС своите активности ги насочуваат кон преземање мерки за одржување на законот и воспоставување на јавниот ред. Во исто време тие претставуваат и значајна потпора на регуларните полициски сили за регулирање на сообраќајот и други помошни активности.

На подрачјето на безбедноста ЦРС соработува и со силите на ДЦСП во спроведувањето на активностите за попречување на разните облици деликвенција, содејствуваат во обезбедувањето на пристаништата, аеродромите и државните граници. Исто така, содејствуваат и во заштитата на високите државни функционери на територијата на Франција, како и на француските амбасади во странство.


4. ЖАНДАРМЕРИЈА

Жандармеријата во Република Франција и организациски и функционално е врзана за две министерства: Министерството за национална одбрана и за Министерството за внатрешни работи. И покрај тоа, организирана е како и сите други воени единици.

Според намената, Жандармеријата во Република Франција може да се подели на:
• територијална жандармерија, која ја покрива територијата преку жандармериски станици;
• мобилна жандармерија, која служи за укажување помош на загрозените сектори на службата;
• воздухопловна жандармерија која го регулира на воздушниот сообраќај и го одржува редот на аеродромите и базите; и
• поморска жандармерија, која одржува ред во поморскиот и во речниот сообраќај и на пристаништата.

Жандармеријата во Република Франција ги извршува следните задачи: ги гони и фаќа воените бегалци, врши обезбедување на затвореници, обезбедување превоз и транспорт, попречување на криминалитетот и други работи од безбедносно-полициски карактер, како што се загушување на бунтови и слично.

Во мирновременски околности, жандармеријата ги остварува внатрешно-безбедносните задачи, кои се доминантни. Обезбедувањето за потребите на Владата и приватните лица зазема околу 90% од нејзините вкупни активности. Републиканската гарда и Мобилната жандармерија (значајни компоненти на француската жандармерија) првенствено се насочени кон зачувување на јавниот ред, заштитата на владините и парламентарните институции, додека територијалната (подрачната) жандармерија во најголема мера се занимава со криминалот и трговијата.
Жандармеријата претставува значаен субјект во обезбедувањето на воената инфраструктура (фабрики за оружје, воена опрема, бродоградилишта, аеродроми и сообраќајници). Во определени периоди кога се појавуваат нереди или определени судири, цивилните задачи на Жандармеријата не се прекинуваат, туку во голема мера зависат и од другите околности (одржување на редот, борба против тероризмот и криминалот), иако некои активности може привремено да бидат одложени заради други приоритети.
Определени состави од Жандармеријата беа вклучени во спроведувањето на определени мировни операции надвор од територијата на Франција (пример, во поранешна Југославија и Камбоџа) во улога на полиција за француските војници. За дејствување во странство, Жандармеријата има формирано посебни прекуморски сили кои се и соодветно оспособени и вооружени.
Back to top Go down
View user profile http://kriminalist.macedonianforum.net
 
Безбедносно-разузнавачки систем на Франција
View previous topic View next topic Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Криминалист :: Разузнавање и контраразузнавање-
Jump to: