Форум за криминалистика и криминологија
 
HomeCalendarFAQSearchMemberlistUsergroupsRegisterLog in

Share | 
 

 Полиграф - детектор на лаги

View previous topic View next topic Go down 
AuthorMessage
Nick
Admin
avatar

Posts : 43
Points : 88
Join date : 2013-01-15

PostSubject: Полиграф - детектор на лаги   Wed Feb 06, 2013 8:22 pm


Во почетокот на 1921 година, Ј.А. Ларсон, како студент по медицина на Калифорнискиот универзитет, користејќи ги резултатите од своите претходници, направил пионерски зафат - го создал првиот полиграф. Со негова помош ги мерел: крвниот притисок, дишењето и пулсот. Во ваквиот потфат го храбрел Август Волмер, тогашен шеф на полицијата во Беркли, Калифорнија, а подоцна истакнат криминалист и криминолог. Со овој чекор се отвори нова ера во криминалистичкото постапување и значително се зголеми степенот на ефикасност во откривањето на сторителите на кривични дела и прекршоци.

За прв пат, полиграфот во полициското работење бил употребен во далечната 1921 од страна на Ларсон. Со него тој успеал да открие една девојка меѓу 90 други, која вршела кражби на скапоцени предмети во женскиот интернат во Калифорниското сеучилиште. Потоа, бил ангажиран во тестирање на стотина осомничени лица во Беркли, за да помеѓу 1923 и 1928 истражува за полицијата во Ебинстон, во казнените заводи и судови во државата Илиноис во САД.

Леонард Килер (1904-1949) почнал да се занимава со откривање на криминалот со помош на полиграфот уште во 1925 г. како студент на Високата школа во Беркли-Калифорнија. Тој му помагал на Ларсон во усовршување на полиграфот и во пронаоѓањето на нови методи во полиграфското тестирање. По 1930, Килер заминува на функција во Научната лабораторија за откривање на злосторства при Северозападното сеучилиште во Чикаго, каде во 1936 г. станал раководител на таа установа.

Во 1938 г. Килер создал сопствена фирма за производство на полиграфи и нивна продажба ширум светот.

Составни делови на полиграфот

Поновите модели на полиграфи во својот состав вклучуваат:
• Кардиограф;
• Пневмограф и
• Галванограф.

Со помош на кардиографот, испитувачот "ја следи срцевата активност на испитаникот преку вградената скала, на која може да се чита и фреквенцијата која се изразува бројчано. Кога е приклучен на полиграфот, ги регистрира падот и порастот на срцевиот ритам. Со него се следат две функции на работа на срцето: одвоена промена во срцевиот ритам помеѓу секој срцев импулс, изразен преку степенаст дијаграм (како кај ЕКГ); и другите срцеви активности, изразени преку дијаграм со обична линија". Преку добиениот кардиограм се воочува односот на дразбата и срцевата реакција, степенот на индивидуални реагирања, промената на пулсната брзина и амплитудата на пулсниот бран.

Со пневмографот се регистрираат промените во респираторниот волумен (односот на вдишување и издишување) и фреквенцијата на дишење на испитаникот. Двата приклучоци се ставаат на градите и на стомакот, а се во вид на набрана гумена пневмографска цевка. Параметри кои се анализираат се големината на волуменот, односот вдишување-издишување, посебно интересната блокада на дишењето и потиснатото дишење, кои на пневмограмот се регистрираат како степенесто назабена парабола.

Со галванографот се регистрираат промените во галванско-рефлексната активност на кожата, односно-потењето. Приклучокот на овој дел се става на дланките или прстите на испитаникот, по што се пропушта слаба струја со спротивен поларитет и се мери отпорот на пропуштената струја. Струјата полесно ќе тече (т.е. ќе има помал отпор) ако дланката е повлажна, односно потењето е поголемо.

Во минатото полиграфите имале поголем број на составни делови, како што биле ергографот (за мерење на тресењето на рацете и телото), оксимографот (сличен на галванографот), плетизмографот (за испитување на правилноста на крвотокот) и сл., меѓутоа тие денес се исфрлени од употреба поради некои свои недостатоци.

Back to top Go down
View user profile http://kriminalist.macedonianforum.net
Nick
Admin
avatar

Posts : 43
Points : 88
Join date : 2013-01-15

PostSubject: Re: Полиграф - детектор на лаги   Wed Feb 06, 2013 8:44 pm



Видови на тестови за полиграфско испитување

При испитување со полиграф, во основа се користат два метода: тест на врв на напнатост (индиректна метода) и тест на контролни прашања (директна метода).

Во ситуации кога полиграфскиот испитувач се среќава со испитаник кој ги познава деталите за настанот, се користи вториот, директен метод. Наведуваме пример за еден ваков тест. Прашањата кои се користат отприлика изгледаат вака:

1. Дали имате намера да одговорите вистинито на моите прашања?
2. Дали вам ви е познато дека на Иван му исчезнал лаптопот од собата?
3. Дали вие знаете кој го има земено лаптопот на Иван?
4. Дали ви е познато каде е тој лаптоп сега?
5. Дали вие го задовте Ивановиот лаптоп?
6. Дали ја знаете марката на Ивановиот лаптоп?
7. Дали е точно дека од собата на Иван го имате земено неговиот телевизор?
8. Дали е вистина дека дента кога лаптопот исчезнал, вие сте влегувале во собата на Иван?
9. Дали е точно дека вие имате клуч од собата на Иван?
10. Дали на некое од моите поставени прашања свесно не ја кажавте вистината?

Во тестот, клучните прашања се под броевите 3 и 5, контролното под бројот 7, а прашањето на комплексот на вина под број 9. Целта на контролното прашање е испитаникот да се возбуди кога ќе даде лажен одговор, што е многу веројатно, а потоа таа реакција се споредува со клучните прашања (3 и 5) и со прашањето на комплексноста на вината.

Доколку во добиениот дијаграм се воочи посилна реакција на прашањата под броевите 3 и 5, а слаба на 7 и 9, тоа е сигурна индиција дека испитаникот е во директна врска со настанот. Ако пак, реакцијата на седмото прашање е поголема од онаа на 3 и 5, а покрај тоа видлива е и реакција на деветтото прашање и тоа со потврден одговор, со сигурност можеме да го елиминираме осомничениот од листата на можни сторители. Прашањето под број 9 ни служи како помошно средство со кое стекнуваме сигурност за невиноста на испитаникот. Во голем број на случаи, кај погрешно осомничените, реакцијата на прашањата со броевите 7 и 9 се со подеднаков итензитет, што е разбирливо, со оглед на фактот дека тие сочинуваат еден подсистем.

Доколку пак, испитаникот одговорил на ист начин на прашањата под 3, 7, а покрај тоа има реакција и на деветото прашање, со сигурност може да се тврди дека испитуваното лице претпоставува или знае кој е извршител на делото.

Во оваа верзија на тестот, јасно се разликуваат три потсистеми на прашања: клучни, ирелевантни и контролни. Сите тие го сочинуваат системот на прашања на методот на контролни прашања. Во случај кога добиваме иста реакција на контролните и на клучните прашања, тоа значи дека тие не се добро поставени или редоследот не е добар. Многу добро овде може да се искористи и т.н. нагласена стимулација, која во нашиот пример би изгледала вака: добиени се исти резултати на седмото и на петтото прашање. Во наредниот тест прашањето 7 ќе остане исто, со тоа што ќе го започнеме со "Навистина ли не го зедовте телевизорот на Иван...?" Кај невиниот ќе следуваат нагли промени во сите дијаграми, додека на вака поставеното прашање сторителот ќе одговори како во првиот тест.

Тестот на врв на напнатост во праксата дава најдобри резултати, па поради тоа најмногу се користи. Со оваа метода се даваат одговори на сите девет златни прашања на криминалистиката, а карактеристично е што за еден предмет се прават најмалку 5 или 6 полиграфски испитувања. Вакви тестови се спроведуваат во случај кога испитаникот тврди дека не му се познати факти од настанот.

Погрешно осомничениот нема да покаже реакција на клучните прашања, додека сторителот видливо (на полиграмот) ќе реагира на карактеристичен начин. Ова е поради тоа што невиновниот нема да реагира на клучните прашања поради непознавање на околностите.

Да ја разработиме истата ситуација со украдениот лаптоп со помош на овој метод.
Тест-1. Се однесува на видот на деликт кој се случил и ни дава одговор на прашањето Што се случило.
1. Дали е точно дека сте изврчиле разбојништво?
2. Дали е точно дека сте извршиле уцена?
3. Дали е точно дека сте извршиле Фалсификат?
4. Дали е точно дека сте извршиле кражба?
5. Дали е точно дека сте извршиле вооружена кражба?
6. Дали е точно дека сте извршиле превара?
7. Дали е точно дека сте извршиле тешка кражба?
8. Дали е точно дека сте извршиле некое друго кривично дело?

Клучните прашања се под броевите 4 и 7. Другите се ирелевантни. Доколку осомничениот одговори на прашањата под 4 и 7 со различен полиграмски резултат од другите прашања, тоа е знак дека се работи за вистинското лице (сторителот). Ако лицето пројави ист начин на реагирање на друго прашање како и кај оние под 4 и 7, тоа значи дека испитуваниот е сторител и на некое друго, дотогаш непознато кривично дело.

Во Тестот-2, доколку се сомневаме дека лицето има соучесник во делото, ги набројуваме некои од лицата со кои знаеме дека испитуваникот се дружел, и ги бележиме реакциите на секое предочено име.

Во тестот-3, се поставуваат прашања за тоа кога е извршено кривичното дело.

Во Тестот-4, кога е извршено кривичното дело, во Тестот-5, како е извршено делото, во Тестот-6, со што е извршено делото, во Тестот-7, што е одземено (украдено) и сл.

Во случај да испитаникот реагира специфично на едно или две од поставените прашања, тоа е знак не само дека тој е сторител, туку истовремено тој и ни ги дава идговорите на секое од деветте златни прашања. Позитивно реагирање не е задолжително кај сите тестови, бидејќи не е исклучена можноста сторителот да не се сеќава на некои факти од настанот или одговорот (реакцијата) добро да ја одглуми.

Слично е и со т.н. техника на тивок тест. Таа се применува во случаи кога испитаникот не сака да одговара на прашањата, како и кај оние кои наместо со ДА или НЕ, ги коментираат прашањата, т.е. имаат неодолива желба за зборување. Се врши на тој начин што испитаникот внимателно ги слуша прашањата и ги одговара во себе.
Значајни се и експерименталните тестови, идентификациони тестови, групни тестови, генерални тестови, тестови за пронаоѓање на лица, кои исто така, се спроведуваат со оваа метода.
Back to top Go down
View user profile http://kriminalist.macedonianforum.net
Nick
Admin
avatar

Posts : 43
Points : 88
Join date : 2013-01-15

PostSubject: Re: Полиграф - детектор на лаги   Wed Feb 06, 2013 9:01 pm

Принцип на доброволност и лица кои одбиваат да бидат подложени на полиграфско тестирање

Во фазата на контакт-интервјуто, испитувачот мора да му ја образложи причината за полиграфското испитување и да укаже на безопасноста по неговото здравје од тоа испитување. Во таа смисла, Записникот за полиграфско испитување треба да содржи изјава за доброволно пристапување кон ваквото испитување, потпишано од страна на испитаникот.

Иако ретко, сепак се случува испитаникот да ја одбива примената на полиграфското испитување, со изговор дека тој се плаши за сопственото здравје, но тоа најчесто се лица кои се плашат дека ќе бидат разоткриени. Стравот од разоткривање, всушност, претставува главен фактор за физиолошките промени кои се регистрираат на полиграфот, а се објаснуваат како симптоми на лагата. Како чест изговор за одбивање на ваквиот тест се наведуваат и лутината и огорченоста на осомничениот поради тоа што се сомнева во нивниот исказ. Голем број на осомничени искажуваат сомневање во техничката исправност и усовршеност на полиграфот, а има и такви кои се сомневаат и во правилната интерпретација на резултатите од тестот.

Се поставува прашањето: Дали полиграфот како техничко средство за регистрирање на физиолошко-емоционалните промени во организамот ги исполнува поставените барања за општа валидност и објективност на испитувањето?

Во Република Македонија сеуште не постојат компјутери за анализа на полиграмите (2005), на кој начин би се отстраниле сомневањата за објективноста на тестот и резултатот. На кој начин се обезбедува адекватен степен на објективност во толкувањето на резултатите?

Резултатите од странство говорат дека околу 75% од толкувањата (анализата на графиконите), се точни, а во 25% се пронајдени субјективни проценки на испитувачот! Ако е точно тврдењето дека полиграфските резултати се добри во онаа мера во која е способноста на испитувачот, тогаш може да се констатира дака човечкиот фактор е во директна врска со техниката. Според тоа, "степенот на точност на толкувањето на полиграмите зависи во голем процент од искуството на испитувачот, неговата вештина и знаење, како и општата ментална и емоционална стабилност на испитаникот".

Според извештаите на ФБИ од јуни, далечната 1980 година, некои од авторитетите во овој домен вака ја гледаат прецизноста на полиграфот:
• Универзитетот во Јута- 89,7%
• Темпл Универзитетот, во студија спроведена за Американската Армија- 92,4%
• Универзитетот Стенфорд- 96,2%
• Универзитетот Гофт во Индија-90,0%
• Универзитетот Британска Колумбија -96,0%
• Јаголскиот Универзитет во Полска-95,0% И сл.

Фактори кои влијаат на резултатот од полиграфското тестирање и други извори на грешки при проценка на резултатите

Во фазата на контакт-интервјуто, испитувачот мора да ги забележи: полот на испитаникот, возраста, емоционалната напнатост и говорот, врз основа на што влијание има и Хало-ефектот, при што не треба да се запостави карактерот на испитаникот, неговото образовно ниво, семејните прилики, емоционалната стабилност и сл.

Тешко е да се разликува стравот на недолжниот од стравот да не се биде разоткриен, поради што испитувачот мора подлабоко да навлезе во изворот на тој страв.
Постапката на испитувачот во текот на тестот мора да биде константен при излагањето на сите прашања, со придржување кон неколку правила:
• Јасно изговарање на сите прашања;
• Едноличен и монотон глас;
• Оставање на доволно време од поставувањето на претходното прашање; и
• Водење на сметка за времето од поставување на прашењето до времето потребно да се постигне врв на напнатост.

За препознавање на некои варијабли, мора да се утврди норма, односно константа. Испитаникот над кој владее чувството на вина настојува да го анализира предоченото прашање за да открие дали со давањето на одговорот ќе биде разоткриен или не. Поради тоа, читањето на прашањата пред вршење на тестот представува важна константа која го зголемува врвот на напнатост кај точно осомничениот, а ја елиминира напнатоста кај погрешно осомничениот. Барањето на испитаникот некое прашање да се елиминира или промени, под изговор дека на него не може кратко да одговори со ДА или НЕ, всушност претставува страв од таквото прашање.

Психофизички неподобните испитаници, по правило не се земаат на полиграфско тестирање. Тие, најчесто, не одговараат на прашањата на време и не го сфаќаат испитувачот, дискутираат на прашањата, често се нервозни без причина, имаат одсуство на концентрација и движењата им се некоординирани.

Голема пречка при испитувањето создааваат и ненаспаноста, гладот, жедта, физичката исцрпеност, присуство на било какви болки (на пр. забоболка), менструалниот циклус, лактацијата, климактериумот, бременоста, состојбата на шок и сл.
По правило, бремените жени не смеат да се испитуваат по петтиот месец од бременоста.

Лицата со пречки во развојот, исто така, спаѓаат во крајно неподобната категорија за испитување, заедно со душевно болните, бидејќи кај нив одсуствува психичкото дејство поради извршениот криминален акт.
Уште по проблематични се осомничените кои порано веќе биле подложени на полиграфско испитување.

Деца кои не наполниле 14 годишна возраст, во никој случај не смеат да се подложат на полиграфско испитување. Поради одсуството на зрелост, тие не се во состојба да го разликуваат вистинитиот од лажниот одговор, а кај останатите малолетници примената зависи од степенот на интелигенција и општата зрелост кај секој случај посебно.

Лицата над шеесет годишна старост, поради присуство на артеросклеротични промени, сенилни деменции и слични физиолошки абнормалности, исто така, можат да претставуваат проблем при полиграфското тестирање, но и овде доминира правилото на индивидуалитет и се зависи од случај до случај.

Освен наведените фактори кои влијаат на резултатите од тестирањето, ризична група претставуваат и лицата кои владеат со фактите за кривичното дело. Имено, докажано е дека со подолготрајно вежбање на јога и слични психички вежби, како на пр. фидбекот, може да се контролираат дури и работата на срцето, притисокот, дишењето и други физиолошки процеси во организмот.

Неподобни за ваков тест, секако, се и алкохолизираните испитаници, испитаниците кои се под сејство на наркотични средства или некои лекови кои предизвикуваат слични промени во однесувањето и реагирањето на испитаникот (на пр. средства за смирување). Ако испитувачот се сомнева дака станува збор за ваков испитаник, задолжително се врши медицинско испитување, а ако тоа биде позитивно, тогаш лицето се иззема од испитување додека не престане дејството на овие супстанции.

За лицата кои веќе неколку пати биле подложени на полиграфски тест, постојат посебно изработени тестови, со кои се исклучува можноста од лажно одговарање на испитаникот или погрешно интерпретирање на резултатите од страна на испитувачот.

Back to top Go down
View user profile http://kriminalist.macedonianforum.net
Nick
Admin
avatar

Posts : 43
Points : 88
Join date : 2013-01-15

PostSubject: Re: Полиграф - детектор на лаги   Wed Feb 06, 2013 9:04 pm

Законски основ и регулатива за постапката на примена на полиграфот во преткривичната и кривична постапка

Важно за примената на полиграфското испитување во кривичната и предкривичната постапка е тоа што тој не представува доказен материјал, туку само индиција во кој правец да се продолжи истрагата. Во минатото полиграфскиот тест дури бил доказ, врз основа на кој судијата директно ја донесувал својата одлука. Меѓутоа, поборниците против ваквата примена успеале да го променат ова, бидејќи погрешната интерпретација на полиграмите предизвикалe затворање, па дури и смртни пресуди над невини лица. Поради ова, се јавила потреба од озаконување и формулирање на постапката за примена на полиграфот како средство за индиција, а со тоа се создала можност за поголема одговорност и сериозност на лицето кое ги врши овие тестирања.

Во 36 држави во САД, за жал, полиграфската лента се уште се користи како доказно средство. Ваквата состојба е поради точноста на полиграфот, и тоа секогаш над 90 %. Всушност, војската на САД се гордее со својата школа за детектори на лага во градот Форт Гордон, во државата Џорџија.

Во позитивното законодавство на Република Македонија, употребата на полиграфот (засега само еден за потребите на целата држава [2005]) во Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда, е предвидена со Законот за кривична постапка, и тоа во строго определени услови.
Back to top Go down
View user profile http://kriminalist.macedonianforum.net
Sponsored content




PostSubject: Re: Полиграф - детектор на лаги   

Back to top Go down
 
Полиграф - детектор на лаги
View previous topic View next topic Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Криминалист :: Криминалистика-
Jump to: