Форум за криминалистика и криминологија
 
HomeCalendarFAQSearchMemberlistUsergroupsRegisterLog in

Share | 
 

 Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата - поважни одредби

View previous topic View next topic Go down 
AuthorMessage
Nick
Admin
avatar

Posts : 43
Points : 88
Join date : 2013-01-15

PostSubject: Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата - поважни одредби   Tue Feb 05, 2013 2:07 pm

„Службен Весник на Република Македонија“ бр. 54 од 03.05.2007
4shared.com/office/qUrHNmhy/Zakon_za_bezbednost_na_soobrak.html?

Член 1
Co овој закон се уредува безбедноста и заштитата на патиштата, основните начела и меѓусебните односи на учесниците и другите субјекти во сообраќајот на патиштата правилата на сообраќајот на патиштата; системот на сообраќајните знаци, опремата и сигнализацијата на патиштата; должностите во случај на сообраќајна незгода; условите за стекнување право на управување со моторно возило; оспособување на кандидатите за возачи; полагање возачки испит; уредите и опремата што задолжително треба да ги имаат возилата; димензиите, вкупната маса; осното оптоварување на возилата и условите кои задолжително треба да ги исполнуваат возилата во сообраќајот; посебните мерки на безбедност; организацијата и задачите на советите за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и прекршочните санкции и прекршочната постапка што се води по прекршоците во областа на сообраќајот на патиштата.

Член 2
3. "Возило" е секое превозно средство наменето за движење по пат, освен подвижните столови без мотор за немоќни лица и детските превозни средства;
4. "Возило на моторен погон" е секое возило што се движи со силата на сопствен мотор, освен возилата што се движат по шини;
5. "Моторно возило" е секое возило на моторен погон, со исклучок на мотоцикл, кое вообичаено се користи за превоз на лица или стока на патишта или за влечење на возила на патишта што се користат за превоз на лица и стока и кое има најмалку четири тркала и максимално проектирана брзина над 25 километри/час;
13. "Патнички автомобил" е моторно возило наменето за превоз на лица, кое заедно со седиштето на возачот има најмногу осум седишта;
37. "Возила под придружба" се возила кои се придружувани од припадници на Полицијата или воена полиција, со посебни моторни возила кои имаат уреди за давање посебни светлосни и звучни знаци во црвена и сина боја;

50. "Учесник во патниот сообраќај" е лице кое на кој било начин учествува во патниот сообраќај;
51. "Возач" е лице кое управува со возило на пат или кое се вози во возилото, со цел да биде на располагање на возење, доколку е неопходно;
53. "Возач-почетник" е секој возач на моторно возило до 21 година возраст, кaкo и возач на моторно возило во период од две години по добивањето на возачката дозвола, независно дали дозволата ја добил во Република Македонија или во странство. Возач - почетник е и возач на моторно возило во периодот од две години по добивањето на возачката дозвола од одредена категорија, независно дали поседува возачка дозвола за друга категорија;
54. "Пешак" е лице кое учествува во сообраќајот, а не управува со возило, ниту се превезува во возило или на возило, лице кое со сопствена сила турка или влече рачна количка, запрежно возило или моторно возило, детско превозно средство, велосипед, Мопед или подвижен стол за немоќни лица, лице во подвижен стол за немоќни лица што се движи со сопствена сила или со сила на мотор, ако притоа се движи со брзина на човечки од, како и лице кое се лизга на лизгалки, скии, санка или се вози на тротинет, ролшуи или ролери;

55. "Запирање на возило" е секој прекин на движењето на возилото на патот во траење до три минути, освен прекинот што се врши заради постапување според сообраќаен знак или правило со кое се регулира сообраќајот;
60. "Обиколување" е возење покрај запрено или паркирано возило или друг објект што се наоѓа на сообраќајната лента по која се движи возилото;
65. "Патен сообраќај" е сообраќај на возила, пешаци и други учесници во сообраќајот на јавен или некатегоризиран пат што се употребува за јавен патен сообраќај;

69. "Коловоз" е дел од патот наменет првенствено за сообраќај на возила, со една или повеќе сообраќајни ленти;
70. "Коловозна лента" е дел од коловозот долж неговата површина, наменет за сообраќај на возила во една насока;
71. "Сообраќајна лента" е обележан или необележан дел од коловозот долж неговата површина, чија ширина за непречено одвивање на сообраќајот е доволна за непречен сообраќај на еден ред моторни возила во една насока;
77. "Магистрален пат" е јавен пат кој ги поврзува поважните економски подрачја на Република Македонија и кој се надоврзува на соодветните патишта на соседните држави;

89. "Очигледно под дејство на алкохол" е учесник во патниот сообраќај чие однесување е непримерно заради присуство на алкохол во организмот;
91. "Загрозување на сообраќајот" е начин на учество во сообраќајот заради кој настапила непосредна опасност од настанување на сообраќајна незгода;
92. "Сообраќајна незгода" е настан на патот во кој учествувале најмалку едно возило во движење и во кој најмалку едно лице е повредено, загинало или од последиците на таа сообраќајна незгода починало во рок од 30 дена или од истата е предизвикана материјална штета. За сообраќајна незгода не се смета настанот во кој работно возило, работна машина, мотокултиватор, трактор или запрежно возило кое се движи по некатегоризиран пат или при вршење на работи во движење, слетало од некатегоризираниот пат или се превртело, односно удрило во некоја природна препрека, а притоа не учествува друго возило или пешак и кога со тој настан не му е предизвикана штета на друго лице;
94. "Европски извештај за сообраќајна незгода" е образец изготвен од Националното биро за осигурување на Република Македонија, кој се пополнува во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета, а го пополнуваат учесниците во сообраќајната незгода;

95. "Возачка дозвола" е јавна исправа што ја издава надлежен орган, со која се докажува правото на управување со одредени категории или поткатегории на возила;
96. "Меѓународна возачка дозвола" е јавна исправа што ја издава правно лице овластено од Министерството за внатрешни работи, врз основа на возачката дозвола;
97. "Странска возачка дозвола" е возачка дозвола и меѓународна возачка дозвола што ја издава надлежен орган на странска држава;
98. "Сообраќајна дозвола" е јавна исправа што ја издава надлежен орган, со која се докажува правото на означување на одредено возило со регистарски таблици, сопственоста на возилото, техничките карактеристики на возилото, потврда за техничката исправност на возилото заради безбедност во сообраќајот, како и периодот на важност на сообраќајната дозвола;
100. "Возачка книшка" е јавна исправа што ја издава надлежен орган, во која се запишуваат негативни бодови во прекршочната постапка што се води за прекршоци во областа на сообраќајот на патиштата, определени со овој закон;

102. "Тахограф" е уред кој обезбедува најмалку запис на брзината и на работните периоди на возачите;
104. "Записен лист" е дел во тахографот или од контролниот уред, кој задолжително треба да има типно одобрение, а на кој пишувачот на тахографот или на контролниот уред непрекинато запишува податоци што треба да останат трајно запишани.
Back to top Go down
View user profile http://kriminalist.macedonianforum.net
 
Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата - поважни одредби
View previous topic View next topic Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Криминалист :: Оружје и опрема-
Jump to: